Како и секоја година, така и оваа, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ учествуваше на европскиот квиз на парите кој секоја година се одржува по повод европската недела на парите под мотото ”Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно. Учествуваа 539 тима од по два ученици подготвувани од 92 наставници ментори од 72 училишта од целата држава.
На овогодинешните натпревари, учениците од нашето училиште покажаа одлично знаење и брзина во финансиската писменост при што сите тимови под менторство на професор Илчо Јорданоски имаа забележителен пласман:
Стојаноска Михаела и Анамарија Ристевска од 1-3 клас –12 место
Сара Ристеска и Папиќ Мелиса од 1-3 – 31 место
Ивона Трајкоска и Михаела Јованоска од 1-5 11 место